Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати синоќа ги извести македонските државјани во Бахреин дека в среда ќе поаѓа автобус од Бахреин за Ријад, од каде со специјален лет ќе се вратат во земјава.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски претходно денеска информира дека во тек е координиран процес на евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, кој, како што рече, се очекува да биде финализиран до крајот на оваа недела.
На прес-конференција во Владата, Муцунски истакна дека од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза е воспоставен кризен механизам преку Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




