Темен режим Режим на светлина

Скандалозно, владино јавно претпријатие работи на диво: Што констатирале од ДЗР во ЈП „Колекторски систем – Скопје“?

Скандалозно, владино јавно претпријатие работи на диво: Што констатирале од ДЗР во ЈП „Колекторски систем – Скопје“? Скандалозно, владино јавно претпријатие работи на диво: Што констатирале од ДЗР во ЈП „Колекторски систем – Скопје“?

Јавното претпријатие „Колекторски систем – Скопје”, основано во декември 2018 година со одлука на Владата, има примарна дејност собирање, одведување и прочистување на отпадни води и нивно контролирано испуштање со цел заштита на Охридското Езеро.
Сепак, ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за 2024 година покажува дека претпријатието речиси 35 години функционира. без соодветна дозвола за дејноста за која е основан.

Ревизорите утврдиле низа неправилности, поради што дале неповолно мислење за реалноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на работењето со законската регулатива. Имено, покрај проблемот со дозволата, претпријатието се соочува и со сериозни финансиски потешкотии. Според извештајот, има долгови поголеми од 8 милиони евра, а сметката му е блокирана со години.

Државниот завод за ревизија констатирал и дека инфраструктурата на системот – цевковод долг 40,9 километри, пумпни станици и пречистителна станица изградени пред повеќе од три децении – се уште не е запишана во Катастарот на инфраструктурни објекти. Претпријатието нема имотни листови ниту за објектите ниту за земјиштето под нив.

Во извештајот се нотираат и спорни исплати за паушални адвокатски услуги без соодветна документација.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Уапсен наставник од средното уметничко училиште во Скопје за сексуално вознемирување на ученичка

Уапсен наставник од средното уметничко училиште во Скопје за сексуално вознемирување на ученичка

Следна објава
Сијарто: ЕУ го изгуби влијанието во светот, земјите од Балканот можат да ѝ донесат нова динамика

Сијарто: ЕУ го изгуби влијанието во светот, земјите од Балканот можат да ѝ донесат нова динамика