Темно Режим Светло Режим

При рутинска контрола полиција уапси скопјанец со огнено оружје

На 19.01.2026 година, околу 21:00 часот, во Скопје, на територија на општина Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода А.Г. (37) од Скопје.

При контрола на патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г., полицијата пронашла пиштол со две рамки и вкупно 41 куршум.

По целосно документирање на случајот, против А.Г. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Ден за ракомет: Македонија ќе ги одмери силите со Романија

Следниот Пост

Се затруле четири лица во базен во хотел во Охрид