Приведен 25-годишник, дома му пронашле предмети однесени при тешка кражба

Полицијата вчера го приведе М.Ш.(25) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил тешка кражба, ноќта на 14/15.5.2020 во стан на ул. Вамбел во Скопје.

-По добиена наредба од кривичниот суд во Скопје, полициските службеници извршија претрес во домот кај М.Ш. и при претресот се пронајдени предмети кои потекнуваат од наведеното кривично дело, соопшти МВР.

Осомничениот е приведен во Полициска станица Гази Баба и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Претходна вестВладата засега нема да испрати протесна нота до Бугарија поради Каракачанов, неговите изјави ги смета за недостојни и недолични
Следна вестДодавале кислород во водата, но пак има голем помор на риби во Тиквешко езеро