Темен режим Режим на светлина

Проданоски: Соработката меѓу академијата, бизнисот и локалната власт е клуч за развој на Прилеп

Градоначалникот Проданоски најави решенија за автобускиот превоз во Прилеп Градоначалникот Проданоски најави решенија за автобускиот превоз во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денес присуствуваше на „Quadruple Helix Forum“ во организација на Економскиот факултет – Прилеп, каде што повторно беше нагласена важноста од поврзувањето меѓу академската заедница, бизнис секторот, студентите и локалната самоуправа.

На форумот учествуваа ректорот, деканката, професори, претставници на бизнис заедницата и студенти, кои преку конструктивни идеи и иницијативи укажаа дека токму ваквото вмрежување е темел за јакнење на локалната економија.

Проданоски истакна дека локалната самоуправа работи на градење силен мост меѓу знаењето и неговата практична примена, а Економскиот факултет го оцени како „столб на интелектуалната иднина“ на градот. Според него, секој нов дипломиран студент претставува нова енергија, визија и потенцијал за развој на Прилеп.

Тој нагласи дека неопходно е работодавачите да останат отворени за младите, студентите активно да се вклучуваат во заедницата, а факултетот да продолжи да создава кадар подготвен за современите економски предизвици.

„Само со заеднички напори можеме да создадеме услови младите да останат во Прилеп и да придонесуваат за развојот на градот“, порача Проданоски, додавајќи дека локалната самоуправа останува посветен партнер во оваа соработка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Шкендија загуби од Дрита и останува надвор од нокаут-фазата

Следна објава

Советот на Општина Битола со низа одлуки: Се деблокираат урбанистичките планови стопирани од 2020 година