Оваа година почнува „Скопскиот поетски фестивал“ (Skopje Poetry Festival), се организира за прв пат а тенденцијата е да остане како традиционална летна концепција. Ќе се одржува од 1 до 3 септември во Младинскиот културен центар.
Во организациска смисла се работи за интернационален фестивал, ќе учествуваат четириесетина поети, музичари, филмаџии и уметници. Покрај поетските читања, на фестивалот ќе може да се видат и изложба, прв поетски саем, работилници, поетски филмови, книжевни промоции и диско-поезија. Меѓу поетските имиња ќе настапат Ким Симонсен и Вонебјерт Ванг од Фарски Острови, Сергеј Тимофеев од Латвија, Марија Дејановиќ од Хрватска, Танос Гогос од Грција и Лидија Димковска од Македонија/Словенија.
Организатори на фестивалот се веќе докажани поети во Македонија но и во странство: Јулијана Величковска, Ана Голејшка Џикова, Јованчо Димоски, Ѓоко Здравески, Биљана Стојановска и Снежана Стојчевска, под раководство на „ПНВ публикации“.