Пукање во фабриката на Мерцедес во Германија: Едно лице загина

Едно лице загина, а друго е повредено во смртоносна престрелка што се случи утринава во фабриката на „Мерцедес Бенц“ во југозападна Германија. Локалната полиција на Твитер објави дека едно лице починало, додека друго е тешко повредено. Оттаму додаваат дека „повеќе нема никаква опасност за вработените во фабриката“, пренесува германскиот весник „Билд“.

Полицијата не била веднаш достапна за дополнителни коментари, пренесува Ројтерс. Едно лице е уапсено во врска со пукањето, а спасувачите се на лице место во фабриката 56 во градот Синделфинген, во покраината Баден-Виртемберг.

Претходна вестРекордни 71,1 милиони внатрешно рaселени лица
Следна вестПролетно чистење на езерцата и каналите во Градскиот парк