Пролетно чистење на езерцата и каналите во Градскиот парк

Јавното претпријатије „Улици и патишта” започнуваат со активностите за комплетно чистење на каналите и езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк, кои не се чистени околу пет години. Подготвителните активности за чистење на езерцата веќе се во тек, а екипите од понеделник ќе ги отпочнат активностите за чистење кои ќе се одвиваат во неколку фази.

-Во првата фаза се стопира дотокот на вода и се заловува и згрижува рибниот фонд во соодветни услови за чување се до негово повторно враќање. Со пумпи се вади останатата количина на вода во езерата и се суши површината, по што во втората фаза следува машинско чистење на езерцата од лисја, отпадоци, мил и наноси од земја. Се чисти и каналот по кој тече вода во езерскиот систем во паркот по што во завршната фаза се полнат езерата, информират ова претпријатие.

Активностите за чистење на езерцата во градскиот парк ќе се изведуваат и во наредниот период, а апелот до граѓаните е да не фрлаат отпадоци во каналите и во езерцата и да ја одржуваат хигиената на зелените површини во паркот.

Претходна вестПукање во фабриката на Мерцедес во Германија: Едно лице загина
Следна вестСемејството Хернандез има 17 деца: Ова е нивната приказна