Ковачевски: Патувањето на моето семејство во САД беше на приватна сметка

Членовите на семејството на премиерот Димитар Ковачевски го придружувале за време на престојот во САД на приватна сметка. Вакво објаснување денеска даде Ковачевски откако во јавноста се актуелизира прашањето дали неговата сопруга и децата со него патувале на државна сметка.

– Бев во САД на исклучително одбележување, имав чест да бидам прв македонски премиер кој зборувашпе на Советот забезгедност по повд 30 години од нашето членство во ООН. Јас патував на трошок на државата, но моето семејство не. Приватните патувања на другите членови на моето семејство никогаш не биле на сметка на Македонија. Ако треба да доставам сметки, ќе доставам. Моите деца патуваат како и сите деца. На пример, мојот син игра фудбал и често оди во странство. Но безпотребно е да доставувам сметки, секој граѓанин има право да патува со свои средства, истакна премиерот Димитар Ковачевски кој денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на канадска „Магна“ во Штип.

Претходна вестДоволно ли се тестира млекото за бруцелоза?
Следна вестПриведени Албанка, Русинка и Белорусинка го злоупотребиле туристичкиот престој во Македонија