Приведени Албанка, Русинка и Белорусинка го злоупотребиле туристичкиот престој во Македонија

Полицијата приведе Албанка, Русинка и Белорусинка, кои биле затекнати во локали во тетовско. Тие го злоупотребиле туристичкиот престој во Македонија.

– Во периодот од 23.35 часот на 10.05. до 01.35 часот на 11.05.2023, полициски службеници од СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државен трудов инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителски објекти во тетовско Горно Седларце и тетовско Жеровјане. Во објектот во Горно Седларце, сопственост на А.А.(32) од тетовско Боговиње, биле затекнати Д.Р.(31) од Република Албанија и А.П.(38) од Белорусија, а во објекот во Жеровјане, сопственост на Х.А.(33) од Боговиње, 32-годишната К.В.С. од Русија.

Трите странски државјанки се приведени поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта, информираат од МВР.

Тие се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Претходна вестКовачевски: Патувањето на моето семејство во САД беше на приватна сметка
Следна вестУченик од штипската гимназија се заканил дека ќе дојде со пушка, полицијата е во училиштето