Ученик од штипската гимназија се заканил дека ќе дојде со пушка, полицијата е во училиштето

Полицијата е на влезовите од гимназијата „Славчо Стојменски“ откако ученик од четврта година на Инстаграм споделил порака дека ќе дојде со пушка на училиште. Во моментов полицијата, службите, родителите и ученикот се на разговор во училиштето, потврди директорот Марјан Арсов.

-Во текот на вчерашниот ден имаше дојави од странки дека има закана на социјалните медиуми од еден ученик, кој го даде алармот до нас. Ние ги презедовме сите мерки. Беа повикани целата служба, родителите, ученикот. Моментално е тука полиција, разговараме, состојбата се држи под контрола. Ги повикуваме родителите совесно мирно да ги пуштат децата на училиште, најверојатно невкусна шега, изјави Арсов.

Се очекува и полицијата да извести за случајот.

Претходна вестПриведени Албанка, Русинка и Белорусинка го злоупотребиле туристичкиот престој во Македонија
Следна вестДржавната матура на 27 мај се понеизвесна, ДИЦ го продолжува штрајкот