Темно Режим Светло Режим

Рама: Британија да престане да ги дискриминира Албанците за да ги оправда своите политички неуспеси

Албанскиот премиер Еди Рама го осудува Лондон за изјавите што ги смета за дискриминаторски кон Албанија, откако британските власти ги повикаа неговите сонародници за илегалната имиграција во Велика Британија, пренесуваат медиумите во регионот.

Зголемувањето на мигрантските премини со мали чамци преку Ла Манш е проблем за британските власти. Според официјалната статистика, како што анализираат медиумите, Албанците претставуваат мнозинство од оние кои успеваат да го преминат Ла Манш во Британија.

Во низата пораки објавени на неговиот Твитер профил, Еди Рама вели дека британските власти активно ги „дискриминирале“ Албанците.

-Таргетирање на Албанците (како што некои направија на срамен начин кога се бореа за Брегзит) како причина за проблемите со границите и криминалот во ОК е лесна реторика која ги игнорира фактите, пишува албанскиот премиер.

-Албанците во Велика Британија напорно работат и си ги плаќаат даноците. Велика Британија треба да се бори против криминалните банди од сите националности и да престане да ги дискриминира Албанците за да ги оправда своите политички неуспеси, додава тој.

Британската министерка за внатрешни работи Суела Брејверман се најде во центарот на првата криза на владата на премиерот Риши Сунак во врска со справувањето со приливот на мигранти, пишуваат медиумите.

Во дебатата во парламентот таа ја спомена „инвазијата“ на Англија од страна на мигрантите, укажувајќи конкретно на албанските баратели на азил.

Неодамна беше споменато дека 12.000 Албанци успеале да го преминат Ла Манш оваа година, наспроти само 50 во 2020 година.

Велика Британија се соочува со рекорден број на мали бродски премини на Каналот, речиси 40.000 од почетокот на годината. Владата очекува таа бројка до крајот на годината да достигне 50.000.

Се верува дека албанските криминални банди тргуваат со мигранти во Велика Британија, според написите во регионалните медиуми, пренесува Макфакс.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Скопско секојдневие: Поминуваат на црвено, возат без дозвола, пијани се зад воланот...

Следниот Пост

На што се должат пожарите низ Македонија во ноември?