Темен режим Режим на светлина

Расчистени 5 кривични дела, приведен крадецот од Куманово

Пет тешки кражби кои се случија во текот на изминатиот месец добија разрешница. Имено дваесет и седум годишниот С.Р. од Куманово кој „оперирал“ во неколку домови, денес е лишен од слобода.

– Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р. од Куманово. Тој се сомничи дека изминатиот месец извршил пет кражби од приватни имоти, се вели во соопштението од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пентагон: Вонземјани можеби веќе се на планетата Земја

Следна објава

ДУИ тргнува со слоганот „Да! Тој доаѓа“, се чекаат ли изборите и прв премиер Албанец?