Темен режим Режим на светлина

Референдумот за името го заобиколија, сега што ќе направат?

Ќе има ли наскоро референдум во Македонија по иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ или ќе нема? Уште се чека иницијативата да ја прими собранискиот претседател Талат Џафери, па да се изјаснат собраниските комисии, да дојде до пратениците на пленарна седница…

Но, од она што деновиве излегува во јавноста како неофицијална информација се чини како на Иницијативата веќе да и е пресудено. Некако долго патува до собранискиот спикер, а и се погласно се зборува во информираните кругови дека ќе биде отфрлена како „неуредна“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, изјави дека доколку се точни написите во кои се вели дека власта се подготвува за отфрлање на референдумската иницијатива „тогаш ќе се потврди дека кај СДСМ и ДУИ владее страв од волјата на народот“.

Бројни соопштенија деновиве штанца владеачката СДСМ. За оваа партија иницијативата била против евроинтеграцијата на државата, била против македонскиот јазик, на штета на државните и националните интереси… 

Добро, двете страни си ги кажуваат своите видувања. Но, зошто за сето тоа да не може и граѓаните да си го кажат своето мислење? Зарем ќе се одолговлекува или спречува свој суд за потпишаниот Договор за добрососедство со Бугарија да кажат граѓаните на Македонија?

Власта предводена од СДСМ и ДУИ не треба да стравуваат од референдум ако се убедени дека аргументите се на нивната страна.

Или не сакаат да и се повтори поразот што го доживеа во 2018 година кога дозволија одржување на референдумот за прифаќање на Преспанскиот договор со Грција за промена на уставното име на државата и други работи – но кој не и успеа. Граѓаните им кажаа – НЕ. На изјаснувањето не гласаа повеќе од половина од вкупниот број на запишани граѓани со што референдумот беше неуспешен. Власта упорна во својата намера да го смени името на државата беше ставена во ситуација да го заобиколи референдумот и да почне со задкулисни трансфери на пратеници од редовите на опозицијата.

Сега што ли ќе направат, ќе прифатат референдум или не? Ќе ги прашаат граѓаните за став или не?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Кој троши повеќе: 20 сијалици или еден македонски функционер?

Следна објава

Повторно ќе се бара екстрадиција на Груевски, Исмаиловиќ и Демири