Реми со шест голови на Брера и Силекс

11

Фудбалерите на Брера Струмица одиграа и уште еден интересен и ефикасен натпревар. Силекс имаше два гола предност, а струмичани изборија нерешени 3-3.

Гостите од Кратово беа оние кои го отворија резултатот. Во 19.минута Силекс поведе со голот на Мирчевски од пенал. Во финишот на првиот дел (44) струмичани израмнија преку Михаилов.

Вториот дел, кратовци го започнаа со два брзи гола Донов и Пирез (47 и 50 минута) за водство од 1-3. Домашните фудбалери не се откажаа лесно, па во 63.минута преку Луковоќ намалија на 2-3 со што ја вратија неизвесноста. Упорноста на Брера се исплатеше и веќе во 70.минута кога Михаилов со својот втор гол израмни на 3-3.

Ова е прво ,,реми” на Силекс сезонава, а за Брера четврти натпревар во кој одвојува вид.

Од оваа рунда останаа да се одиграат уште два натпревари. Во Битола, ќе се игра дербито Пелистер – Вардар од 17 часот. Натпревар Шкупи – Шкендија ќе се игра на 15 ноември, а поради обврските на тетовци на евро-сцената.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПотврден притворот за Рустеми и Саити, обвинети за загрозување на животната средина со отпад
Следна вестОбвинителството бара притвор за скопјанец осомничен за разбојничка кражба, провалил во куќа и украл над 1.500 евра