Темно Режим Светло Режим

Саркастичка реакција на СДСМ: Како расте цената на пиперките, така расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, како расте цената на нафтата…

СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

СДСМ со саркастична реакција ја коментираше најновата анкета на Маркет вижн, која покажува висок рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ и голема популарност на Христијан Мицкоски.
Во соопштението, од опозициската партија тврдат дека дошле до „вистинските резултати“ од анкетата, според кои, како што наведуваат, граѓаните изразуваат огромно задоволство.

„Дојдовме до вистинските резултати од анкетата што ја правела ВМРО-ОКГ. Во анкетата, најголема доверба кај граѓаните има Христијан Мицкоски поради целосно исполнување на сите предизборни ветувања, како што е враќањето на името!“, наведува СДСМ.

Понатаму, преку иронични примери, СДСМ ги поврзува растечките цени со раст на рејтингот.

„Кога ПИПЕРКАТА во маркетите се покачила на 300 денари – на Христијан Мицкоски му се покачил рејтингот на 25,2%. Кога ЈАЈЦА се покачиле на 300 денари – ВМРО-ОКГ веднаш им пораснал рејтингот за 24%“, коментираат од СДСМ и додаваат: „ Кога ДИЗЕЛОТ трет пат порасна на 95,5 денари – ЗНАМ пораснал за 100%. На прашањето дали сметките за струја треба повторно да се зголемат, над 80% од граѓаните рекле ‘ДА, и тоа веднаш’!

Огромно задоволство на граѓаните има и во однос на покачувањето на платите – 120%! 99,9% од граѓаните се изјасниле дека нема потреба да се покачи минималната плата на 600 евра“, наведуваат од СДСМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
ВМРО-ДПМНЕ: ПР стратезите Башановиќ и Шчекиќ на Филипче му смислиле празен концепт за програма

ВМРО-ДПМНЕ: ПР стратезите Башановиќ и Шчекиќ на Филипче му смислиле празен концепт за програма

Следниот Пост
Во Србија разоткриена педофилска мрежа, одземени материјали од злоупотреба на малолетници

Расправија за паркинг заврши со напад во Скопје