Нови соопштенија денеска разменија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. А во нив нова серија меѓусебни обвинувања, овојпат околу ефектите од мерките за намалување на цените на горивата.
Од СДСМ реагираа обвинувајќи ја власта за, како што велат, „фарса” и манипулација со бројките, посочувајќи дека граѓаните реално не ги чувствуваат најавените заштеди. Опозициската партијa саркастично порача дека со вакви мерки граѓаните „стануваат милионери”, алудирајќи дека најавените заштеди се далеку од реалноста.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека не тврдат оти граѓаните стануваат милионери, туку дека оти околу 1,4 милиони евра неделно остануваат кај граѓаните благодарение на намалениот ДДВ. Притоа, владејачката партија не пропушти прилика да спомене дека во минатото луѓе од СДСМ станале милионери на грбот на граѓаните.



