Опозициската СДСМ ја окарактеризира како „свесна и опасна закана против политичките неистомисленици” вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека, „имал чувство” дека во блиска иднина ќе започнат судски процеси против поранешни високи функционери на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада и членови на нивните семејства.
– Наместо да се занимава со обезбедување услови за владеење на правото, Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата со прогон и да ја плаши јавноста – реагира СДСМ.
Партијата информира дека за упатените закани од Мицкоски ќе ги информира релевантните европски институции бидејќи смета дека „никому не му е дозволено да ги злоупотребува државните институции како оружје против политичките противници, ниту да ги претвора во штит за сопствените криминални врски”.



