Темен режим Режим на светлина

Се грижиме ли и го чуваме ли мајчиниот – македонски јазик, така како што мајките се грижат за нас?

Се грижиме ли и го чуваме ли мајчиниот – македонски јазик, така како што мајките се грижат за нас? Се грижиме ли и го чуваме ли мајчиниот – македонски јазик, така како што мајките се грижат за нас?

На половината од околу шест илјади јазици во светот им се заканува исчезнување. Вакво предупредување вообичаено се дава на секој 21 февруари на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Денеска, на денот кога се празнува да се потсетиме како се појавил и се развивал нашиот мајчин јазик.
Говорот околу Солун бил основа, врз која во втората половина на 9 век била составена и првата словенска азбука – глаголицата, благодарение на Светите браќа Кирил и Методиј.

Потоа е создадена и кирилицата, за да почне долгиот пат кој води преку Охридската и Лесновската книжевна школа и многубројни ракописи, по што во 12 век започнува постепено создавањето на посебен македонски јазик, различен од соседните јужнословенски.

Круна е кодификацијата на македонскиот јазик и утврдување на неговата азбука и на правопис во 1945 година кога македонскиот народ стекна слобода и државност. Потоа, се до сега, нашиот јазик доживува голем развој и распространетост.

Мајчиниот јазик треба и понатаму да се чува и развива. Притиснат е од поголемите светски и регионални јазици, а ние лесно даваме плодна почва за тоа. Чести се и обидите на странци за негирање на македонската национална посебност и јазик.

„Да се запрашаме дали така како што мајките се грижеле за нас, ние се грижиме за мајчиниот јазик“, порачапретседателката Гордана Сиљановска-Давкова по одбележувањето на Денот во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
(Видео) 5 минути здравје со д-р Митов – Епизода 03

(Видео) 5 минути здравје со д-р Митов - Епизода 15

Следна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Викндов облаци, ветер и малку сонце, следната недела рана пролет