Се скарале за ред во амбуланта, па и двајцата меѓусебно се пријавиле во полиција!

Две лица кои прексиноќа учествувале во инцидентот во Чаир поднеле пријави, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 30.09.2022 во 18:11 часот во СВР Скопје, Д. Ј. (22) од Скопје, пријавил дека околу 17:45 часот во приватна здравствена установа на подрачје на Чаир по претходна расправија околу ред за влегување, бил физички нападнат од Љ.Ч., кој употребил и остар предмет.

Истовремено, МВР соопшти дена на 01.10.2022 во 01.10 часот во Полициска станица Бит Пазар Љ.Ч.(26) од Скопје пријавил дека на 30.09.2022 околу 18.00 часот во здравствена установа на подрачје на Чаир по претходна расправија бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестСкопски маратон денеска обедини 8.500 натпреварувачи од 47 држави
Следна вестПривршува првата година од мандатот на Арсовска, време е да видиме посеризно работење