Не е постигнат договор со Владата за методологијата за усогласување на платите во јавниот сектор на денешната седница на Економско-социјалниот совет, соопштија претставниците на синдикатите. Предлогот на синдикатите е инфлацијата која минатата година беше 14,5 проценти да биде основниот параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор и сите да добијат процентуално зголемување на платите. Синдикатите бараат враќање на платите на функционерите, а зголемувањето да биде исто за сите
– Тоа што ние предложивме е инфлацијата која минатата година беше 14,5 проценти да биде основниот параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор, од најниската категорија на работно место до највисоката, претседател на државата, и сите да добиеме процентуално зголемување на платите, рече во изјава за медиумите претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
Според него, тоа што охрабрува е дека има поместување од Министерството за финансии и од Владата во поглед на нивните предлози и забелешки.
ССМ смета дека ако од септември се случи тоа, да почне примената на општиот колективен договор за јавен сектор, функционерските плати ќе треба да се вратат пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за нив, така и за работниците.
Синдикатите предложиле инфлацијата која минатата година беше 14,5 проценти, да биде основен параметар со кој ќе се зголемат платите на вработените во јавниот сектор, од најниската категорија на работно место до највисоката, Претседателот на државата и сите да добијат процентуално зголемување на платите.
Во среда, како што најави, продолжуваат состаноците во Министерството за финансии каде што ќе бидат претседателите на сите синдикати во Македонија и во најтесен круг ќе разговараат за можното решение.




