Темно Режим Светло Режим

Секој четврти активен случај на вирусот во Скопје е од Чаир

Најголем број од активните случаи на корона вирус во Скопје се од Чаир, по што следат Сарај, Аеродром, Бутел и Гази Баба, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Скопската општина Чаир е подрачје во кое моментно има наголем број на активни случаи односно од вкупно 392 заболени кои сега се лекуваат во Скопје дури 97 се лица од Чаир, односно секој четврти заболен.

Инаку, во Скопје заклучно со вчера активни се 392 случаи, или дадено по општини: во Чаир активни се 97, Сарај – 47, Аеродром – 47, Бутел – 47, Гази Баба – 38, Центар – 24, Карпош – 17, Кисела Вода – 17, Студеничани – 13, Ѓорче Петров 11, Илинден 10, Шуто Оризари – 9, Арачиново – 8, Петровец – 5, Сопиште -2.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Мицкоски не знаел дека е забрането да се седи внатре во кафеана

Следниот Пост

Чибишев: Нема да изненади ниту ако се потврдат шпекулации дека власта ги крие бројките на новозаболени