Семејството наши државјани со новороденчето е извлечено од Харков, се уште се во Украина, но се безбедни, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во комуникација се и очекуваат денеска да ја напуштат Украина.
Денеска уште едно семејство од Запорожје со воз излегуваат од Украина и двајца поединци нашитграѓани од Киев со кола се приклучени на еден конвој, додека останатите 15 монитори од специјалната мисија денеска исто така ја напуштиле Украина.
Во моментот имаме само еден од тие вкупно 30 набљудувачи во рамки на специјалната мисија којшто е останат во Украина и со партнерските земји бидат извлечени сите безбедно од Украина.
За другите граѓани рече дека ги контактирале вчера, бидејќи денеска обезбедиле еден коридор. Но, проблем е што тие не можат да стигнат до местото каде што тргнува тој безбеден коридор поради различни причини – безбедносни и немаат ниту гориво за да можат да се движат безбедно низ тој коридор. Сепак се работи на тоа за да се создадат коридори коишто се поблиску до нивното место.




