Темен режим Режим на светлина

Што муабетел Ковачевски денеска со Патријархот Вартоломеј?

Македонската православна црква со признавањето на канонскиот статус не е веќе во изолација во православниот свет. Владици на МПЦ-ОА се сретнуваат и сослужуваат со високодостојници на Вселенската патријаршија, на српската црква, со руската црква…

А еве денеска и премиерот Димитар Ковачевски во Истанбул се сретнал со Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Во соопштението од Цариградската патријаршија се наведува дека македонскиот премиер бил во приватна посета, пренесува Макфакс.

-Премиерот Ковачевски беше примен од Неговата Светост Вселенскиот патријарх Вартоломеј и двајцата имаа можност, во срдечна атмосфера, да разговараат за прашања од заеднички интерес, пишува во соопштението.

Кои се тие прашања од заеднички интерес не е соопштено.

Инаку, МПЦ-ОА се уште го чека томосот од Цариградската патријаршија. Во меѓувреме во македонската јавност се отворија неколку дилеми околу тоа:

али за автокефалноста е доволен Томосот добиен од Српската православна црква или е поважен оној што се очекува да се издаде Вселенската патријаршија.

-Дали во томосот од Цариград ќе има услов – барање МПЦ да ја избрише придавката „македонска“?

-Кој ќе управува со македонските дркви во дијаспората? Што ќе пишува во томосот што се очекува да го издаде Вселенската патријаршија? Искуствата покажуваат дека во томосите кои стигнуваат од „фанарот“ и ги давала на одделни Православни цркви постоеле различни права и обврски…

А дека прашањето за надлежноста врз дијаспората ќе биде наметнато потврди и владиката Петар тоа го потврди.

 -Дијаспората и припаѓа на секоја помесна православна црква која има дијаспора. Ние самите сме си ја создале дијаспората. Не ни ја создаде Цариградската патријаршија па да ни ја бара. Тоа прашање е јасно и конкретно. СПЦ и сите други цркви не ни ја оспоруваат дијаспората. Ние дијаспората никому не треба да да ја даваме оти е наша. Зошто не ја земаа дијаспората на СПЦ, на Руската, на Антиохиската црква, на Бугарската, Романската црква…, потенцира митрополитот Петар.

Дали сите овие работи спаѓаат во „прашањата од заеднички интерес“ кои денеска Ковачевски и Вартоломеј ги разгледувале? Или Ковачевски не се меша во црковни прашања повеќе средбата ја посветил на молитви?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Протести против рудникот во Иловица: Немојте да мислите дека ќе се отвори рудник, тоа ќе доведе до насилни судири

Следна објава

Македонските ракометарки до 19 години ја победија Хрватска