Шверцот на мигранти не стивнува: Кај Валандово во две „шкоди“ откриени 26 Сиријци

Нов случај на шверц на повеќе мигранти откри синоќа МВР кај Валандово. Полицијата денеска соопшти дека синоќа кај местото Чештево во Валандово полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Стар Дојран” ги лишиле од слобода С.С.(45) од Скопје и П.К.(20) од Република Србија, затоа што со патнички возила превезувале лица мигранти од Сирија.

-Во 14.40 часот на локалниот пат за селото Казандол, валандовско, полициски службеници забележале две патнички возила „шкода“, едното со скопски регистарски, а другото со српски национални ознаки, натоварени со мигранти. Кога ја забележале полициската патрола, возилата застанале, по што возачите и лицата мигранти се дале во бегство, се наведува во соопштението.

Набргу, по преземени мерки, во близина на возилата биле пронајдени 26 лица мигранти од Србија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а по пребарување на теренот, во 20.30 часот, биле пронајдени и лишени од слобода С.С. и П.К.. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 418 од Кривичниот законик.

Претходна вестЕУ најмногу ја пофали Владата за послушноста околу надворешната политика
Следна вестЗа неизградениот клинички центар се бара отштета од 8,5 милиони евра