Симон Трпчески и „Македонисимо“ утре ќе одржат концерт во Секирник, родното место на мајката му

Пијанистот со светски глас Симон Трпчески и „Македонисимо“ утревечер (сабота, 26 август) пристигнуваат во Секирник, Општина Босилово, Струмица, во подножјето на планината Беласица, родното место на мајката на Трпчески. Концертот закажан за 20 часот во дворот на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Секирник е со слободен влез за сите заинтересирани.

Така беше и со претходните изведби на „Македонисимо“ во Македонија во струшкото село Збажди, Скопје, Штип, Битола и Дојран.

Специјален гостин на концертот ќе биде нашиот мајстор на кавалот, Сашо Митев, најавија од здружението „КултурОп“.

Со овој концерт стартува Балканската турнеја на „Македонисимо“, што ќе трае до октомври и ќе ги вклучи настапите во Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Романија.

Претходна вестЈСП „Скопје“: Во недела и во понеделник кон Матка ќе има дополнителен број на автобуси за чествување на празникот Голема Богородица
Следна вестЖена почина по вадење на заб во Косово, медицинската сестра имала завршено за кројачка