Темен режим Режим на светлина

Жена почина по вадење на заб во Косово, медицинската сестра имала завршено за кројачка

Пациентка почина по вадење на заб во Ѓаковица, град во западниот дел на Косово. Едномесечен притвор му е одреден на стоматолог од приватната ординација која го извршила зафатот, додека на неговата медицинска сестра од Малишево ѝ е одреден куќен притвор од еден месец, јавува Н1. Стоматологот е осомничен за несовесно лечење и незаконско вршење на медицина, а медицинската сестра за неовластено вршење на медицина и посебни случаи на фалсификување исправа.

Имено, медицинската сестра завршила кројачко училиште, па немала соодветна стручна подготовка за давање медицински услуги.

Во ординацијата пронајдени се 18 свидетелства и дипломи заверени со фалсификувани печати на Средното медицинско училиште и на Медицинскиот факултет.

За време на вадењето заб, стоматологот користел несоодветни методи на лекување. Пациентката починала во дворот од ординацијата по вадењето на забот, а во болницата во Малишево утврдиле дека смртта настапила поради примена на несоодветни методи и терапија што ја користел стоматологот при самото вадење, јавува Н1.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Симон Трпчески и „Македонисимо“ утре ќе одржат концерт во Секирник, родното место на мајката му

Следна објава

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не се препукуваат со соопштенија туку да разговараат