Темен режим Режим на светлина

ЈСП „Скопје“: Во недела и во понеделник кон Матка ќе има дополнителен број на автобуси за чествување на празникот Голема Богородица

Со неколку клика до билет, нова дигитална услуга на ЈСП Со неколку клика до билет, нова дигитална услуга на ЈСП

Во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во недела (27.08.2023 год) на линијата 60 (Транспортен центар – Матка) во период од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, информира денеска ЈСП „Скопје“.

Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и во понеделник (28.08.2023 година) од 7 до 18 часот.

Поголема фрекфенција на возила на посочената линија е поради очекуван зголемен интерес на граѓаните за посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.

Во понеделник (28.08.2023 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација во понеделник нема да работат, а Жичарницата ќе функционира вообичаено, ќе работи од 10 до 20 часот, при што од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, а во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Малата црква во Кисела Вода наскоро ќе им биде достапна на верниците

Следна објава

Симон Трпчески и „Македонисимо“ утре ќе одржат концерт во Секирник, родното место на мајката му