Синдикатите од КСОМ бараат итна средба со Владата или ќе следи масовен штрајк

Итно одржување на седницата на Социјално-економскиот совет бара Конфедерацијата на сидникални организации на Македонија (КСОМ) од Владата. Секојдневните поплаки од нивните членови, ги довеле до заклучок дека ситуацијата е повеќе неиздржлива заради енормно покажените трошоци за живот.

Ако состанок нема, ќе следи масовен штрајк.

-Апелираме и до останатите синдикати на национално ниво, да седнеме и заеднички да донесеме став. Доколку ни се приклучат, ќе бидеме уште посилни како работници. Доколку не сакаат да се приклучат на нашата иницијатива, ние веќе донесовме одлука. Ќе правиме штрајкови и протести, а за датумот дополнително ќе известиме, истакна на денешната прес-конфернција претседателот на КСОМ, Марјан Ристески.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата и главен генерален координатор на независните синдикати во Македонија Гоце Делчев Тодев рече дека од мај годинава огромен е бројот на граѓани кои ја напуштаат земјава, особено од секторите полиција, здравство и образование.

Оценка на КСОМ е дека годишно од земјава заминуваат пет отсто од вработените во образованието.

 

Претходна вестБраво, македонските средношколци освоија сребрен и два бронзени медали на Интернационалната олимпијада по информатика
Следна вестВо „Света петка“ во Велгошти утре се одржува традиционалната „Вечер на Живко Чинго“