Темно Режим Светло Режим

Скопјани ќе можат преку фотографии да видат како живее балканскиот рис

Скопјани ќе можат преку фотографии да видат како живее балканскиот рис Скопјани ќе можат преку фотографии да видат како живее балканскиот рис

Патувачката изложба за балканскиот рис којашто по седум посетени места низ Македонија, за првпат доаѓа и пред скопската публика. Ќе биде поставена во „Лабораториум” во четврток, 5 март од 19 часот.

„Изложбата ја организираме во рамките на регионалната Програма за закрепнување на балканскиот рис со желба да ви ја доближиме убавината и реткоста на балканскиот рис, но и да доловиме како изгледа нашата теренска работа.

Избраните дваесетина фотографии се дел од најефектните „уловени” кадри, од кои повеќето се направени со фотозамки – метод што го користиме веќе 18 години. Преку нив ќе може да видите како изгледа „домот” на балканскиот рис, до каде се протега, зошто е загрозен, која е нашата прва фотка од рисот”, велат од Македонското еколошко друштво!

Изложбата ќе биде отворена до 5 април.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Земјотрес од Косово почувствуван во северозападна Македонија

Потрес регистриран во Гостивар, нема повредени

Следниот Пост
Светот влегува во нов глобален циклус: Историјата се повторува под Сатурн и Нептун и ја отвори следната геополитичка ера

Светот влегува во нов глобален циклус: Историјата се повторува под Сатурн и Нептун и ја отвори следната геополитичка ера