Скопје, Битола, Куманово, Тетово се најзагадени градови, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Скопје, Битола, Куманово, Тетово се најзагадени градови во Македонија, според анализите на Министерството за животна средина. Министерката Каја Шукова денеска соопшти дека најголемото загадување е од домаќинствата.

-Знам дека се гореле дрва и ќе се горат. Но, граѓаните барем да користа суво дрво, не влажни и да не се додаваат други материјали во горилниците. Анализите се јавни, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата. Процесот на замена на системите во јавните институции ќе трае, но ќе заврши за неколку години. Мапирањето го правиме година дена, добиваме информации од сите, а изминатите три години помогнавме со изработка на катастри и планови за воздух кај општините за да се идентификуваат загадувачите, рече таа.

Министерката најави дека во 70-ина институции во наредните две години ќе се заменат системите.

-Процесите не одат толку брзо, но тоа не значи дека треба да застанеме на овие 70, изјави Шукова.

Министерството нема добиено официјални информации од општините за преземените мерки, но неофицијално Шукова потврди дека најголем дел од советите на општините имаат донесено сетови на краткорочни мерки кои треба да ги спроведат во текот на зимските месеци.

Претходна вестИстражување: Скопјани меѓу најнезадоволни Европејци од квалитетот на животот во нивните градови
Следна вестСтрумичанка пронајдена почината во деловен објект