Струмичанка пронајдена почината во деловен објект

Во Полициската станица Струмица синоќа во 00:47 часот било пријавено дека во деловен објект во Струмица била пронајдена почината Л.П.(43) од Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица. Увид извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица и екипа на полицијата.

Според информацијата од обвинителката Виолета Милчовска од ОЈО Струмица, нема сомнежи за насилна смрт и траги на насилство, но заради целосно утврдување на причините за смртта телото на починатата е дадено на обдукција.

Претходна вестСкопје, Битола, Куманово, Тетово се најзагадени градови, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата
Следна вестМлада девојка му продала марихуана на малолетник во неговиот дом