Темен режим Режим на светлина

Случајот со Ивана под лупа: 39 полицајци со пропусти во постапувањето

Случајот со Ивана под лупа: 39 полицајци со пропусти во постапувањето Случајот со Ивана под лупа: 39 полицајци со пропусти во постапувањето

Внатрешната контрола при Министерство за внатрешни работи утврдила пропусти во постапувањето на дури 39 полициски службеници во случајот со Ивана, која заедно со својата малолетна ќерка го загуби животот по пад од зграда.

Како што информираат од МВР, пропустите се однесуваат на постапувањето по претходни пријави за семејно насилство, кои биле поврзани со овој случај.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веќе доставил известување до надлежното обвинителство, кое ќе ја испитува евентуалната одговорност кај полициските службеници.

Предметот е проследен до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде што ќе се утврдува дали постои основ за кривична одговорност за начинот на кој било постапувано по пријавите.

Инаку, според претходните информации, во семејството имало повеќе пријави за насилство во подолг временски период, по кои постапувале различни полициски службеници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ЕК одобри 1,5 милијарди евра во програмата за одбранбена индустрија, 260 милиони се наменети за Украина

ЕК одобри 1,5 милијарди евра во програмата за одбранбена индустрија, 260 милиони се наменети за Украина

Следна објава
Италија блокира германски хуманитарен брод со мигранти

Италија блокира германски хуманитарен брод со мигранти