Снегот ги одложи фудбалските натпревари за следната недела

Обилните врнежи од снег во целата држава ги одложуваат денешните пет натпревари од 19-то коло во Првата македонска фудбалска лига, соопшти претпладнево ФФМ.

Дуелите Борец – Шкупи, Ренова – Беласица, Вардар – Пелистер, Силекс – Шкендија и Струга Трим – Македонија ЃП, што беа закажани за попладнево од 14 часот, ќе се одиграат идната недела во истиот термин.

 

Претходна вестНавредливо е да гледаш балкански турбо-фолк канали со „женско месо“
Следна вестЗарем на Водно ќе се садат само згради, а за дрвца ќе се чекаат други времиња?