Темно Режим Светло Режим

Со автоматска пушка изрешетани две млади лица во Топанско поле

46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал 46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал

Две лица од Скопје се убиени во изрешетаниот автомобил рано изутринава во инцидентот што се случил во населбата Топанско поле.

-Утврден е идентитетот на лицата А.Б.(28) и Б.В.(24), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, истакнуваат од МВР на новинарско прашање.

Според првичните неофицијални информации лицата биле во автомобил на улицата „Македонско-косовска бригада“. Возилото, според информациите, било целосно изрешетан од куршуми.

По полицискиот увид на терен, биле пронајдени чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушта), соопштија од МВР

На местото на настанот пристигнале и полициски екипи кои почнале да вршат увид. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Сонце со мала облачност, температура до 17 степени

Следниот Пост

Пожарникарите чекале да се отклучи капијата на езерото Треска за да изгаснат пожар