Женската ракометна репрезентација на Македонија со нов убедлив пораз го заврши квалификацискиот циклус. Загуби од од Словенија со 18-27, но сепак ќе игра на Европското првенство поради тоа што заврши меѓу четирите најдобри третопласирани селекции.
И покрај тоа што Словенија играше со подмладен состав, беше предоминантна во однос на нашите ракометарки. Македонија беше од минус уште од самиот почеток, а рамноправно беа само првите петнаесетина минути од второто полувреме кога селекторот Аџиќ им даде шанса на Словенките со помала минутажа.
Главен играч на Македонија на овој натпревар беше голманката Андреа Илиќ, која блескаше меѓу стативите со 13 интервенции и ни донесе пораз со разлика која беше доволна да се скокнат конкурентите на мини-табелата кај третопласираните на која се важат резултатите само со првите две селекции во групите.
Головите за Македонија на овој натпревар ги постигнаа Ангела Јанкуловска која погоди четири пати, Ивана Гакидова и Марија Јанкуловска имаа по три, Ива Младеновска, Јована Кипријановска дадоа по два гола, а по еднаш реализираа Анамарија Коларовска, Ивана Џатевска, Леона Миленкоска и Емилијана Ризоска.
Македонија ќе игра на третото Европско првенство во низа, по настапите на ЕП 2022 и ЕП 2024. Шампионатот ќе се игра во шест земји, тоа се Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција. Настанот е од 3 до 20 декември оваа година.
Но и покрај пласманот во ЕП, играта во овие квалификации треба да ја алармира Ракоментата федерација да направи стратегија за женскиот ракомет затоа што далеку сме, не само од европскиот врв, туку и од средината. На ЕП одиме само затоа што е сменет системот и таму ќе играат повеќе од 2/3 од државите што играат женски ракомет. А на ЕП со ваква игра, Македонија може да се надева само на тоа поразите да и бидат барем со едноцифрена разлика.




