Софијанова ги вратила сите исплатени средства на Детската клиника

Пред да даде отказ, поранешната директорка на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова и ги вратила на Клиниката сите исплатени средства, информираше кусо денеска министерот за здравство Беким Сали. Тој одговори на новинарско прашање на денешното одбележување на Светскиот ден на предвремено родени бебиња.

Министерот, меѓутоа, не кажа за колкави вратени средства станува збор.

Директорката на Детската клиника заедно со директорот на Клиниката за Онкологија, д-р Нино Васев минатиот месец поднесоа оставки, откако во јавноста излегоа информации дека си исплаќале високи додатоци за дежурства и прекувремена работа.

Во октомври, Тв Клан повикувајќи се на документ од Детската клиника ја прозва директорката Аспазија Софијанова дека месечно од плата и дежурства земала 5.000 евра. Ова беше негирано од нејзина страна. Но, по спроведените контроли на Фондот за здравство таа поднесе оставка.

Претходна вестТридневен Фестивал на музика од светот во Битола
Следна вестДелови од Центар и Бутел утре без струја