Сончево со максимална температура до 27 степени

На подрачјето на Македонија времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и посвежо време, на места со повремен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе опадне за неколку степени.

Претходна вестЛевица: Во селото на Талат Џафери незаконски е истакнато само албанското знамe
Следна вестВозачите се подисциплинирани или полицијата олабави: Се помалку казнети за брзо возење по скопските улици