Возачите се подисциплинирани или полицијата олабави: Се помалку казнети за брзо возење по скопските улици

Во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 96 санкции за возачи кои направиле некој вид прекршок на скопските сообраќајници. МВР денеска соопшти дека за возење повеќе од дозволената брзина биле изречени 17 санкции, како и 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Интересно е дека вака значително помал број на изречени казни е карактеристичен и за изминативе денови во Скопје. Така, на пример, завчера биле изречени вкупно 105 санкции од кои 17 биле за пребрзо возење. Малку санкции имало и на 23 април кога од вкупно 69 нив 15 биле за возење над дозволената бризна од 50 километри на час. На 22 април меѓу 120 казни имало 37 за пребрзо возење а на 20-ти април од вкупно 191 санкција нив 22 биле за недисциплинирани возачи кои не го почитувале знакот за ограничување на брзината. На 19-ти април од 151 казна нив 35 биле за овој вид на прекршок а на 18 – ти април, пак, од 168 санкции 43 биле за вака недисциплинирани возачи….

Ова е значително помал број на изречени казни, но и санкции за пречекорување на дозволената брзина во споредба со изминатиов период. Тоа го отвора прашањето дали скопските возачи стануваат подисциплинирани или, пак, полицијата имала помалку контроли?

Полицијата и денеска предупреди дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се нагалсува во соопштението.

Претходна вестСончево со максимална температура до 27 степени
Следна вестПонеделник е неработен ден за сите граѓани