Темен режим Режим на светлина

Левица: Во селото на Талат Џафери незаконски е истакнато само албанското знамe

Во гостиварското село Форино, кое воедно е родното село на претседателот на Собранието Талат Џафери, незаконски е истакнато албанското знаме на плоштадот во селото, укажа денеска партијата Левица.

Во партиското соопштение се наведува дека со ова најдиректно се крши Уставот и и Законот за употреба на знаминњата на заедниците во Република Македонија.

– Станува збор за самостојно истакнато албанско знаме од барем 10 метри во центарот на с. Форино, без притоа до него да е истакнато македонското знаме, како што се превидува со Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, потенцира оваа опозициска партија.

Левица наведува дека со тоа е прекршен Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија

-Според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија. Истакнувањето само на албанското знаме, без притоа до него да се истакне и македонското, во соглaсност со одредбите на гореспоменатиот закон претставува казниво дело, нагласуваат од Левица.

Партијата додава дека оваа постапка на локалните власти е доказ за беззаконието кое владее во оваа држава, и своевидна провокација со цел да се подгреат етнички тензии.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Штрајк во Управата за матичните книги, за Министерството за правда барањата се незаконски

Следна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Сончево со максимална температура до 27 степени