СОНК не попушта: Штрајк утре ќе има и ќе трае додека не се изнајде решение

Во училиштата и во градинките штрајк утре ќе има и ќе трае додека не се изнајде соодветно решение, информираше денеска претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

На прес-конференцијата тој објасни дека наставниците ќе престојуваат во заеднички простории договорени со директорите на школите и градинките и нема да извршуваат воспитно-образовни и згрижувачки активности.

-Ние нема да ги затвориме училиштата и градинките, но никој нема право да ги присилува вработените да прифаќаат деца за време на штрајк. Директорите пак имаат одговорност да организираат прифаќање на децата кои евентуално ќе дојдат во училиштата или ќе бидат донесени во градинките. Од утре ќе бидат одложени и активностите кои биле закажани во меѓувреме, што значи дека освен настава нема да има ни наставнички совети, родителски средби, полагање стручни испити и ученички натпревари, односно ќе се одложи сè што е поврзано со згрижување, образование и воспитание на деца, рече Неделков.

На напрашањето во однос на ставот на МОН кое бара да тече образовниот процес Неделков рече дека тие немаат одговорност.

-.Немаме никаква одговорност ако дојдат ученици или дечиња во градинките врз основа на згрижување, воспитание и храна. Ние ќе бидеме во посебни простории. Може директорите да ангажираат лица од установите кои не се наши членови, лица кои на определено време со договори и се плашат да не останат без работа па не штрајкуваат, нагласи лидерот на СОНК.

Тој додаде дека очекува надлежните да почнат да се однесуваат сериозно.

-Ќе мора да не викнат, немаше цела недела преговори, не беа во државата дел од владините претставници, сметам дека е крајно несериозно. Апелирам до колегите да бидат истрајни во синдикалната борба до остварување на нашите барања за зголемување на платите во образовниот сектор за 18,4 проценти, наведе Неделков.

Претходна вестТрпението на едно понижено и „смачкано племе“ треба да престане
Следна вестКлинкика ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ: Младиот ракометар беше примен без знаци на живот и без видливи повреди