Темно Режим Светло Режим

Состојбата во ковид-центрите охрабрувачка: Бројот на отпуштени поголем од бројот на новопримени

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Со ова, вкупно 254 лица сомнителни и потврдени на ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Најмногу нови пациенти се примени во ковид-  центарот во ГОБ „8 Септември“ – 7, со што вкупно има 79. Најмногу од пациентите со компликации од ковид се сместени на Инфективната клиника (81).

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Advertisement

Вкупниот број на лица кои се на болничко лекување поради комликации од корона вирусот во цела држава е 599 и е во минимално, но постојано опаѓање.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Три лица приведени за питачење, за малолетник ќе одговара мајката

Следниот Пост

И Антикорупциска констатира - борбата против корупција стагнира, но кој е виновен за тоа?