Спахиу нов фудбалер на Вардар

Поранешниот младински фудбалски репрезентативец на Македонија, Едиз Спахиу, ги засили редови на Вардар пред пролетниот дел на прволигашката сезона, објави денеска најтрофејниот македонски клуб.

Дваесетитригодишниот напаѓач доаѓа во Вардар од редовите на Тиквеш, каде во изминатата полусезона постигна четири голови на 18 натпревари.

Спахиу, кој минатата сезона со Тиквеш го освои Купот на Македонија, има 106 настапи во ПМФЛ на кои постигнато 23 голови.

Поранешниот репрезентативец во селекциите до 19 и 21 година, потекнува од младинската школа на Шкендија, а пред Тиквеш настапуваше за Гостивар.

Претходна вестПритвор за кумановецот кој имал бункер со оружје, засега не се поврзува со „Беланоца/Барон“
Следна вестПродолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата одлучи да му префрли 120 милиони денари на ЈСП Скопје