Вчера околу 18 часот на граничниот премин Стар Дојран, на излез од државата, полицијата во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, лишиле од слобода 56-годишен државјанин на Србија, кој
управувал товарно возило „ман” со полуприколка со српски национални ознаки.
При граничната контрола, било утврдено дека е фалсификуван WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола.
При извршен преглед пак, во полуприколката, со помош на специјален уред-Ендоскоп пронајден е скриен
бункер, во кој се пронајдени вкупно 5050 штеки, од кои 800 штеки обични цигари и 4250 штеки електронски цигари.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

