Темен режим Режим на светлина

Светиниколските пензионери протестираа на плоштадот со старите чевли

Со симбилично положување на стартте чевли пензионерите до светиниколско денеска ги продолжија протестите на кои се бараат повисоки пензии. На собирот на градскиот плоштад тие порачаа дека со оваа слика сакаат да покажат како со ниските пензии не можат да си дозволат да си купат ниту еден пар нови чевли. Протестот го започна со марш на кој ја изведуваа македонската химна.

Трајче Станојков член на Иницијативниот одбор за протест на пензионерите во Свети Николе вели дека не отстапуваат од барањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари.

– Ние денеска се собравме да го изразиме нашето незадоволство оти веќе четири месеци сме по улиците ама сите се глуви на нашите барања. Наредниот петок на 1 декември пред Собрание ќе протестираат пензионерите од цела Македонија, изјави Станојков.

Антикризните мерки од Влада за нив се неприфатливи, и порачаа надлежните да размислат повторно за нивните барања, оти на изборите за неколку месеци се ќе зависи од нивните гласови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Браво: Македонија има светски шампион, Бобан Илиоски освои златен медал во кикбокс

Следна објава
Автомобил удри пешак кај Чашка, пренесен во Скопје

Убиена 74-годишна жена во кочанско