Свирам на клавир по 4 часа на ден, најважна е желбата и инспирацијата да се користи талентот

 Да се има талент во некоја област сигурно е значајна работа, но некогаш може да биде и проблем како тој талент и да се изрази. Во музиката, на пример, може да се постави прашањето преку кој инструмент да се покаже надареностa. Токму со таков „проблем“, уште од својата најрана возраст се соочил седумнаесетгодишниот Иван Стојанов, сега ученик во музичкото средно училиште ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” во Скопје.

  Кога бев трето оделение татко ми почна да го забележува мојот музички талент. Одлучи дека ќе ме запише на музичко училиште. Ме интересираа удирачките инструменти, па одлучивме да ме запише на тарабука. Но, во четврто оделение го изгубив интересот за тарабуката и се префрлив на саксафон. Во петто одделение престанав да одам во музичко училиште. По неколкумесечна пауза од музиката повторно одлучивме да се запишам на музичко и да посетувам настава по клавир..., вели Иван.

Секојдневната дружба со пијаното придонела желба за учење постојано да расте. Денес може слободно да се каже дека музиката и пијаното се составен дел од неговото битие и истовремено храна за неговата душаСледувале бројни настапи, посебно значаен му е настапот на концертот ,,Младите доаѓаат” кој се одржа лани во јуни во Македонска филхармонија на кој настапи како солист. Редовно се труди и да учествува на домашни и меѓународни натпревари на кои секогаш го дава својот максимум, што само по себе резултира со освојување на голем број први награди.

Самиот талент без континуирано вежбање е безвреден, но и самото вежбање ако е непромислено е неефективно. Па, затоа, ние музичарите мораме да вежбаме со исклучителна будност, користејќи го нашиот талент ако сакаме да го извлечеме максимумот од времето поминато вежбајќи. Вообичаено до сега во моето школување сум вежбал од 5 до 6 часа на ден, но пред неколку месеци донесов одлука да одржувам 4 часа вежбање на ден со цел тоа време да пробам да го искористам најефективно, вели тој.

Иван ни објаснува дека ваквата одлука ја донел во периодот кога сфатил дека прекумереното вежбање му придонесува за варирања во расположението.

ие како музичари не треба да чувствуваме замор од музиката, туку треба да ја живееме со еден ведар дух и големо расположение. Па затоа јас секојдневно ја земам доволната доза на вежбање, а не повеќе. Исто така секојдневно посветувам дел од моето слободно време читајќи и изучувајќи ги и другите теоретски дисциплини на музиката, вели тој

Тој има и совет до младите талентирани лица:

Ако чувствуваат талент за спорт нека спортуваат повеќе, ако е талент за уметност, нека ја изучуваат таа уметност, ако е ликовна нека одат на ликовни изложби, ако е музичка нека одат на концерти. Сметам дека во денешно време е поедноставно во споредба со минатото една индивидуа да го развие својот талент, бидејќи сѐ ни е многу лесно достапно. Најважно е да имаме силна желба и инспирација да го направиме тоа, потенцира Иван.

Музичар со огромен потенцијал

Неговата професорка и менторка Катерина ЌетковиќФидановска вели дека Иван е исклучително талентиран пијанист.

-Тој е музичар со огромен потенцијал и изразена музичка индвидуалност. Сето тоа поткрепено со многу труд дава одлична комбинација за успех. Сигурна сум дека му предстои плодна и богата иднина. За мене е голема среќа и задоволство што ја имам можноста да бидам негов наставник по пијано и да ги пренсувам моте знаења и искуства, вели таа.

Претходна вестМаринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција
Следна вестЕврокомесарот Вархеји оптимистично ни даде нов датум за проширување – 2027 година