„Танец“ и Влатко Стефановски вечерва ги отвараат „Есенските музички свечености“

Влатко Стефановски и ансамблот „Танец“ вечерва во Македонска опера и балет ги отвораат 22-те по ред „Есенски музички свечености“.

-Националниот ансамбл „Танец“ повеќе од седум децении ја остварува својата културна мисија на негување и презентирање на македонското фолклорно творештво во земјава и надвор од неа. Влатко Стефановски е стар пријател на „Танец“, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапувано со ансамблот. Секогаш соработките со „Танец“ ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како и за македонската музичка култура во целост, најавуваат организаторите.

Билетите за оние кои имаат намера да го посетат настанот можат да се најдат онлајн на karti.com.mk, а ќе се продаваат и пред почетокот на концертот на влезот на МОБ.

Претходна вестДве недели по обелоденувањето на закани кон историчарот Ѓорѓиев, ниту има одговорност ниту пак глас од другите македонски членови на комисијата
Следна вестНа Македонија веднаш и треба техничка влада, нема време да го чека нерешителниот Заев