Темен режим Режим на светлина

ТФТ со 111-91 го надигра Чаир во 14. коло

Кошаркарите на ТФТ ја оправдаа фаворитската улога и забележаа убедлива победа против Чаир во натпреварот од 14. коло на Суперлигата. Тимот од Тафталиџе славеше со 111-91 и без поголеми проблеми стигна до нов триумф во домашното првенство.

Домаќините уште во првата четвртина покажаа дека нема да дозволат изненадување, создавајќи двоцифрена предност и контрола врз играта. Иако Чаир успеа делумно да се врати во вториот период, на полувреме ТФТ замина со водство од 59-54.

Во продолжението, избраниците на тренерот Боро Смилковски повторно го засилија темпото и постепено ја зголемуваа разликата. Со сигурна и ефикасна игра во нападот, ТФТ на крајот стигна до убедлива победа од 111-91, што е нивен четиринаесетти триумф сезонава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Обвинителството без докази против Панделески за „Бетон Штип“

Обвинителството без докази против Панделески за „Бетон Штип“

Следна објава
Ќе одговара ли некој за досегашното недомаќинско работење во скопските јавни претпријатија?

Ќе одговара ли некој за досегашното недомаќинско работење во скопските јавни претпријатија?