Тите: Нејмар ќе игра, можете да бидете сигурни во тоа

По синоќешниот страв кај Бразилците дека фудбалскиот виртуоз Нејмар е многу повреден и дека нема да изгра на останатите натпревари на Светското првенство, утрово стасуваат пооптимистички вести. Селекторот на оваа селекција Тите е оптимист дека се ќе биде во ред.

-Можете да бидете сигурни дека Нејмар ќе игра во остатокот од Светското првенство, изјави селекторот Тите.

Инаку, Нејмар синоќа беше расположен за игра против Србија, но често беше цел на груби стартови на „орлите“. Поради еден таков Гудељ во 49. минута доби жолт картон, а селекторот Тите ја повлече од игра првата ѕвезда на својот тим во 79. минута, кога „кариоките“ веќе имаше позитива од два гола.

На Нејмар му беше укажана помош на клупата, а зборуваше и докторот на тимот:

-Тоа е истегнување на десниот зглоб, директна траума. Се појави оток. Веќе почнавме со лекување. Мора да чекаме 24, можеби 48 часа. Се уште нема закажан термин за снимање. Ќе ја следиме состојбата на Нејмар, изјави докторот Родриго Ласмар.

Претходна вестОсуммина поминалне на црвено, шестмина возеле пијани…
Следна вестРоналдо: Единствениот сум што постигнал гол на 5 светски првенства и горд сум на тоа