Темен режим Режим на светлина

Тоневски: Заедничка визија за развој на Пониква како силна туристичка дестинација

Во Инфо-центарот на Пониква денеска се одржа работен состанок меѓу градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип, Владко Грозданов и Тони Тоневски, посветен на унапредување на туристичкиот развој и поефикасно искористување на потенцијалите на оваа планинска дестинација.

На состанокот беше ставен акцент на богатите природни ресурси на Пониква, кои претставуваат цврста основа за развој на зимски и планински туризам. Посебно внимание беше посветено на можностите за развој на ски-туризмот, како важен сегмент за зголемување на бројот на посетители во зимскиот период и за продолжување на туристичката сезона во текот на целата година.

Целта на средбата беше унапредување на меѓуопштинската соработка преку координиран и одржлив пристап во решавањето на предизвиците поврзани со развојот на Пониква. Градоначалниците нагласија дека заедничкото делување ќе овозможи подобро планирање на инвестициите, подобрување на инфраструктурата и пристапноста, како и реализација на значајни капитални проекти.

Во таа насока, беше истакната и заедничката подготвеност за координиран настап пред домашни и меѓународни фондови, со цел обезбедување финансиска поддршка за проекти што ќе придонесат за целосно валоризирање на природните потенцијали на Пониква и нејзино позиционирање како препознатлива туристичка дестинација во регионот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мицкоски до Филипче: Криминалот на СДСМ во енергетскиот сектор овозможи десетици луѓе да станат милионери

Следна објава

Божиновска: Кризната состојба е превентивна – ЕСМ ги има спроведено набавките по планот